ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ
ШТО Е ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ?
Привременото вработување е нов концепт на вработување на пазарот на работната сила во Република Македонија. Имено, при привременото вработување Агенцијата за привремено врaботување Декра избраните кандидати ги вработува како свои работници, а потоа му ги отстапува на клиентот на основа на Законот за агенциии за привремени вработувања.
Декра потпишува договор за работа со работниците, а со клиентот Договор за пружање на услуги. Потоа работникот се праќа на работа кај клиентот.

КОГА СЕ КОРИСТИ ПРИВРЕМЕНОТО ВРАБОТУВАЊЕ?
Потребата за привремено вработување може да се појави од повеќе причини, а најчести се:
- Сезонски работи – потреба за зголемен број на работници во временските периоди кога обемот на работата е во пораст;
- Потреба за дополнителна работна сила како помош при редовните работни задачи;
- Отсуство на постоечките работници кај клиентот (на пр. поради боледување; годишен одмор, породилно отсуство, служење на воена обврска итн.).
ЗОШТО ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ?
Концептот на привремено вработување е
повеќекратно
исплатлив за клиентот, затоа што:
- На отстапените работници не се применуваат одредбите на Правилникот за работа и Колективниот договор ;
- Декра ги извршува сите работи во врска со селекцијата на работници ;
- Декра ги извршува сите административни работи кои инаку би биле обврска на клиентот (подготовка
и потпишување на договори, пријави и уплати за здравствено и пензиско осигурување и осигурување во случај на невработеност, водење и исплата на плати и евиденции) ;
- Отворените работни места, Декра може брзо и квалитетно да ги пополни, благодарејќи на големата база на податоци и квалитетната селекција ;
- Декра е одговорна за сé што е пропишано со Законот за работни односи ;
- Намален е ризикот од отсуства на вработените поради боледување, годишни одмори или некои други причини со оглед на тоа што Декра ги презема сите трошоци, а отсутниот работник го заменува со друг ;
- Декра на клиентот му ги наплатува, ефективните работни часови на вработените, т.е. часовите кои работникот навистина ги одработил, што за работодавачот претставува значителна заштеда (освен наплатувањето по час, може да се примени и моделот на Администрирање) ;
- Постои и можност за замена на отстапениот работник со друг, доколку клиентот не е задоволен ;
- На клиентот му е овозможено да ја користи работната сила во склад со динамиката на своите деловни активности.
На тој начин сите ризици и обврски кои работодавачот ги има
í
ги префрлува на Декра која ја презема грижата за вработените. На тој начин се остварува значителна заштедата на пари и време.
Оваа услуга може да биде особено интересна за компаниите кои водат стриктна евиденција за бројот на вработени (тнр. Headcount) - отстапените работници не се евидентираат како вработени во компанијата на корисникот. |