КОНСАЛТИНГ ВО ОБЛАСТА НА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА ВО КОМПАНИЈАТА
Покрај услугите поврзани со изборот на кандидати, ја нудиме и услугата истражување на начинот на управување со човечки ресурси, која ви овозможува унапредување на работата во Вашата компанија.
На тој начин може:
- да се откријат и отстранат причините за евентуалното незадоволство на вработените ;
- порационално да се искористи работниот потенцијал на вработените;
- да се спречи флуктуацијата т.е. одливот на работната сила;
- поправедно и пофункционално да се стимулираат вработените.
Декра вработување на своите клиенти им ја нуди услугата испитување на факторите, кои се од големо значење за успешното функционирање и развој на компаниите, и тоа:
Испитување на организациската клима
Со испитувањето на организациската клима се утврдува квалитетот и развиеноста на одредени сегменти на работата во компанијата и се даваат предлози за нивно унапредување. Со примената на предложените корективни мерки се зголемува работната ефикасност и успешноста на компанијата во целина.
Методологија која се користи:
Организациската клима се испитува со помош на прашалник кој е составен од голем број на тврдења кои опишуваат различни аспекти на ситуациите во организацијата (настани, постапки, правила и односи). Прашалницте ги пополнуваат вработените, чија задача е на предложените скали (1-5) да проценат, во која мерка , понудените тврдења ја опишуваат нивната организација.
Категории кои се мерат:
Организираност, начин на раководење, стручна оспособеност на вработените и можност за усовршување, припадност кон организацијата, однос кон квалитетот на работа, производи и услуги, постоење и познавање на мисиите, визии и цели на компанијата, наградување, мотивација, комуникација и информирање внатре во фирмата, развој на кариерата и меѓучовечки односи.
Интерпретација на резултатите :
Декра, резултатите на ова истражување ќе му ги презентира на клиентот во вид на елаборат (писмен извештај со нумерички показатели, графикони и интерпретација на резултатите), со посебен осврт на евентуалните негативни тенденции во организацијата, со предлог на корективни мерки.
Испитување на задоволство на вработените
Испитувањето на задоволството им овозможува на компаниите да ја утврдат:
а сé со цел, зголемување на ефикасноста на работењето на вработените.
Методологија која се користи:
Задоволството на вработените се испитува со помош на прашалник кој се состои од список на мотивациски фактори. Прашалниците ги пополнуваат вработените, чија задача е на предложените скали (1-5) да оценат во која мера наброените мотивациски фактори им се важни, и во која мера се задоволни со нивното исполнување.
Категории кои се мерат:
Висина на примањата, праведност во распределбата на примањата, содржина на работата, отсуство на конфликти во фирмата, можност за едукација и стручно усовршување, можност за напредување, начин на раководење, сигурност на вработувањето, зачестеност на прекувремената работа... Списокот на важните мотивациски фактори варира од компанија до компанија во зависност од нивната специфичност. Нпр во некои фирми, развиеноста на информативните системи има мошне големо мотивационо значење, додека во други истиот фактор е маргинализиран. Затоа овој прашалник се финализира по разговорот со менаџментот.
Обработка и интерпретација на резултатите :
Декра , резултатите на ова истражување ќе му ги презентира на клиентот , во вид на елаборат (писмен извештај со нумерички показатели, графикони и интерпретација на резултатите), со посебен осврт на мотивациските фактори помеѓу кои постои голема разлика во степенот на нивното значење и степенот на задоволство, со предлози за корективни мерки.
Испитување на начинот на раководење
Испитувањето на начинот на раководење на менаџментот на компанијата му овозможува да утврди:
- дали и во кој степен начинот на раководење е функционален и прифатен од страна на вработените;
- кои се негативните елементи на нивното раководење и кои се начините за нивно унапредување.
Унапредувањето на начинот на раководење овозможува подобра комуникација на менаџментот со вработените и поефикасно делегирање на задачите, со што комплетниот процесс на работа станува пооптимален.
Методологија која се користи :
Начинот на раководење се испитува со помош на прашалник, кој е составен од голем број на тврдења со коишто се опишуваат различни настани, постапки и односи во кои е вклучен менаџментот. Прашалниците ги пополнуваат вработените, чија задача е на предложените скали (1-5) да проценат во која мера понудените тврдења го опишуваат начинот на раководење на менаџментот.
Категории кои се мерат:
Мотивирање на соработниците, прифаќање на забелешки, делегирање на задолженија, познавање на работата, управување со меѓучовечките односи, обезбедување на поддршка, предикција на проблеми, грижа за материјалните средства, поттикнување на развојот, организација на работата, искористување на потенцијалите на соработниците, пратење на работата на соработниците и поттикнување и поддршка при преземање на ризик.
Обработка и интерпретација на резултатите :
Декра, резултатите на ова истражување ќе му ги презентира на клиентот, во вид на елаборат (писмен извештај со нумерички показатели, графикони и интерпретација на резултатите), со посебен осврт на евентуалните негативни елементи во раководењето со организацијата, со предлози на корективни мерки.
Утврдување на работниот потенцијал на вработените
Декра вработување на своите клиенти им ја нуди услугата утврдување и унапредување на работниот потенцијал на вработените. Денеска човечките ресурси се сметаат за клучен фактор за просперитет на фирмата, многу позначајни од материјалните ресурси. Деталното познавање на работниот потенцијал на вработените му помага на менаџментот оптимално да ги искористи расположивите човечки ресурси.
Методологија која се користи:
Психолошки тестирања на вработените. Вработените пополнуваат стандардизирани психолошки тестови кои ги мерат варијаблите од значење за успешно вршење на работата.
Категории кои се мерат:
Главни категории се: екстроверзија, толеранција на стрес, одлучност, независност, самоконтрола, функционално резонирање, емоционална стабилност, продорност, практичност, отвореност за промени и самодоверба.
Обработка и интерпретација на резултатите :
Декра, резултатите на ова истражување ќе му ги презентира на клиентот, во вид на елаборат ( писмен извештај со нумерички показатели, графикони и интерпретација на резултатите). Добиените резултати на менаџментот му овозможуваат поадекватно поставување кон секој од вработените. Ефективноста и ефикасноста на вработените ќе се зголеми ако им се делегираат задачи, во склад со нивните способности и карактеристики.
|