|

Наш клиент е Пекабеско еден од најголемите македонски производители и дистрибутери на прехрамбени производи и производи за широка потрошувачка. За неговите потреби објавуваме конкурс за слободно работно место за позицијата:
ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР
КВАЛИФИКАЦИИ:
- Универзитетско oбразование – Економски факултет - насока Финансии, Бизнис или Сметководство;
- Со или без работно искуство на слично работно место;
- Одлично познавање на Англискиот јазик;
- Одлично владеење на MS Office и основно познавање на Windows Suit.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Дополнителни знаења и обуки поврзани со планирање и корпоративни финансии;
- Аналитичност, планирање и организирање, способност за комуникација и тимска работа;
- Пожелно е искуство во компанија со производна дејност;
- Искуство во областа на сметководство, план и анализа или финансова контрола.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Подготовка на финансиски извештаи за Менаџментот;
- Одговорност за пратење и контрола на директните и индиректните трошоци;
- Контрола на трошоци, приходи, расходи и нивна алокација;
- Пратење и придржување до усвоените процедури и упатства на ниво на компанијата.
Клиентот нуди можност за стручно усовршување, дополнителна едукација и напредување во рамките на компанијата.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите биографии можат да ги испратат на e-mail: analiticar@dekra.com.mk или по пошта на адреса ДЕКРА “Митрополит Теодосиј Гологанов“ 42, 1000 Скопје.
Крајниот рок за аплицирање е 5 (пет) дена од објавување на огласот.
Дискрецијата на апликантите е загарантирана.
ДЕКРА
HR Consultancy
Митополит Теодосиј Гологанов 42
1000 Скопје
Тел. 02/ 32 30 952;
Факс. 02/ 32 30 953;
www.dekra.com.mk
office@dekra.com.mk |