декра вработување дооел
  home < отворени конкурси


Наш клиент е најголемиот производител на пиво и безалкохолни пијалоци во земјата. Во негово име објавуваме конкурс за слободни работни места за позицијата:

ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР
( ДВЕ ПОЗИЦИИ )

Квалификации:

  • Универзитетско oбразование – Економски факултет - насока Финансии, Бизнис или Сметководство;
  • Минимум 2 години работно искуство на слично работно место;
  • Одлично познавање на Англискиот јазик;
  • Одлично владеење на MS Office и основно познавање на Windows Suit.

Професионални знаењa и способности:

  • Сертификат за поминат курс или обука за IFRS стандарди;
  • Дополнителни знаења и обуки поврзани со планирање и корпоративни финансии;
  • Аналитичност, планирање и организирање, способност за комуникација и тимска работа;
  • Пожелно е искуство во интернационална компанија (производна дејност);
  • Искуство во областа на сметководство, план и анализа или финансова контрола.

Работни задачи:

  • Изработка на финансиски извештаи по Меѓународни стандарди;
  • Континуирана подготовка на финансиски анализи;
  • Анализа на трошоци и нивна алокација во согласност со стандардите на компанијата;
  • Пратење и имплементирање на усвоените процедури и упатства на ниво на компанијата.

Клиентот нуди можност за стручно усовршување, дополнителна едукација и напредување во рамките на компанијата.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите биографии можат да ги испратат на e-mail: analiticar@dekra.com.mk или по пошта на адреса ул. "Митрополит Теодосиј Гологанов" 42, 1000 Скопје најдоцна 7 дена од објавување на огласот.

Дискрецијата на апликантите е загарантирана.

Митополит Теодосиј Гологанов 42
Тел. 02/ 32 30 952; факс. 02/ 32 30 953
www.dekra.com.mk
office@dekra.com.mk

  © Copyright 2005 by Dekra. All rights reserved.