|
Нашиот клиент е компанија која делува во IT секторот. Како резултат на континуираниот раст на компанијата на македонскиот пазар и потребата за регионално ширење и поврзување Декра за својот клиент го огласува следното работно место:
BUSINESS DEVELOPMENT OFFICER
Минимум квалификации:
- Минимум 4 год. искуство на комерцијални / менаџерски позиции;
- ВСП / за предност ќе се смета MBA диплома;
- Активно познавање на англиски јазик;
- Познавање на IT пазарот во регионот;
- Високо ниво на самостојност и ориентираност кон резултатите;
- Организирана и проактивна личност.
Опис на работното место и задачи:
- Водење и координирање на активностите поврзани со продажба и дистрибуција на продуктите;
- Планирање, имплементирање и следење на продажбата;
- Коресподенција и одржување контакти со клиенти и стекнување на нови клиенти;
- Пратење на пазарот и конкуренцијата;
- Планирање и менаџирање на персоналот.
Сите заинтересирани кандидати своите биографии можат да ги достават на e - mail: development_officer@dekra.com.mk најдоцна до 04/03/2007.
Контактирани ќе бидат само оние кандидати кои ќе влезат во потесниот избор.
|